Ти верував, а ти целосно ме скрши...

Уште од првиот момент кога се запознавме, искри летаа околу нас. Кога те погледнав во очи некако се исполнив со мир и спокој и мислев дека тоа е тоа.

Се заљубив во тебе, без да размислам, без да анализирам, без да барам нешто. Долго време бев сама и претпоставувам дека ми беше потребна љубов во животот. Ми недостигаше силна машка прегратка. Ми недостасуваше држење за раце и долги разговори со некој.

И навистина, едно време си реков сама на себе: „Тоа е тоа. Ова е тоа што го чекав целиот мој живот.“ Конечно најдов некој со кого можев да ја замислам заедничката иднина. И сите тие огради и ѕидови околу моето срце, сите тие паднаа и дозволив да влезеш и да ѕирнеш во мојата душа. Ти дозволив да влезеш во мојот живот, без воопшто да проверам дали заслужуваш да бидеш таму.

Едноставно одбрав да ти верувам. Ти верував.

Ти верував повеќе отколку што си верував сама на себе. И затоа постојано го замолчував оној глас во мојата глава кој постојано ме предупредуваше и ми велеше да бидам претпазлива.

Ги игнорирав сите аларми и знаци кои стоеја толку исправено пред мене, што можеа и очи да ми извадат, но некако секогаш наоѓав некакви оправдувања. Постојано се трудев да се убедам себеси дека сѐ е океј, а всушност ништо не беше океј. Постојано се залажував себеси, сѐ додека ти не го покажа своето вистинско лице.

И тогаш веќе беше време да се соочам со вистината. Не можев повеќе да не ги гледам работите што ги правеше, ниту пак да не ги чујам работите што ги кажуваше. Не можев повеќе да се преправам дека си најдобар на цел свет, кога беше ужасен со мене.

Толку сум разочарана. Разочарана и од двајцата.

Од тебе сум разочарана затоа што излезе дека си истиот кретен како сите останати кретени на планетава, а од себе сум разочарана затоа што дозволив да ми се приближиш, иако имаше милион знаци дека не треба да ти верувам. Претпоставувам дека моите надежи беа поголеми од сите глупости низ кои поминав поради тебе. Толку многу сакав да имам успешна врска, што сите лоши работи беа како магла, сѐ додека станаа толку лоши што повеќе не можев да ги игнорирам.

Колку многу згрешив во врска со тебе. Ти не се промени, ти само стана полош со текот на времето и за дел од тоа се обвинувам себеси.

Требаше да си заминам порано. Не требаше да го следам своето срце без да го поведам со себе и својот мозок.

Ова е нешто што одамна си го ветив сама на себе и ете, повторно си го прекршив ветувањето кон самата себе. Но, мислам дека овојпат навистина си ја научив лекцијата. Преку глава ми е од луѓе кои го газат моето срце. Навистина ми е преку глава од тоа постојано да поминувам низ истото. Преку глава ми е од лажни љубови, ужасни луѓе и лажни ветувања. Не можам повеќе да го трпам тоа.

И затоа, следниот пат има баш широко да ги отворам очите и да бидам многу повнимателна. И пред сѐ, навистина ќе се сакам себеси и ќе се однесувам подобро сама кон себе.

cheap nike air max 90