Ти си важна!

Ти си важна. Ако никој не ти го кажал ова денес, ние сега ти го кажуваме. Ти си важна. Твоите мислења се важни. Важен е начинот на кој го гледаш светот, важни се зборовите кои ги чуваш во себе затоа што премногу се плашиш од тоа што ќе кажат луѓето. Твојот глас е важен. 

Твоите чувства се важни. Не се претерани или пресилни или иритантни. Не се нереални, луди или наивни. Тие се тука. Тие се твоја длабочина и тие се важни.

Твоите мисли се важни. Важни се гласовите во твојата глава. Малите работи кои ти минуваат низ глава пред спиење. Важни се работите за кои размислуваш во тајност, затоа што незгодно ти е да ги кажеш некому. Твојот ум е важен. 

Твоето срце е важно, важни се работите за кои имаш страст. Сѐ она што те движи е важно, без оглед на тоа што општеството, родителите или пријателите велат. Твојата страст е твој повик, а твојот повик е важен без оглед на тоа за што се работи. 

Твоите соништа се важни. Тие не се невозможни, не се детинести, не се неамбициозни и не се за сите. Твојата визија е важна. Важен е начинот на кој сакаш да живееш. Дури и твоите соништа да се луди, твојата лудост е важна. 

Твојот пат е важен. Тргни по патот по кој сакаш да одиш и слободно исфрли ги патниците кои те влечат назад. Твојот пат е важен, твојот правец е важен.

Твоите проблеми се важни. Препреките со кои се соочуваш ја градат твојата сила. Сите исплакани солзи ќе ја исперат цела негативност. Твоите солзи се важни, дури и твојата темнина е важна. 

Твојата среќа е важна. Важни се деталите кои ги откриваш додека се смееш. Едноставните работи кои те прават среќна. Важни се моментите кои ти го одземаат здивот. Треба да ги бараш, треба да гиг пронајдеш. Твојата насмевка е важна. 

Твоето постоење е важно. Тоа не е случајно, тука си затоа што имаш своја приказна и тука си затоа што ќе оставиш трага. Ти си важна. Секогаш си била и секогаш ќе бидеш. 

Можеби си го заборавила тоа затоа што си опкружена со луѓе поради кои се чувствуваш дека не си, но ти си доволна и важна и сѐ додека го знаеш тоа, ништо не е важно.