„Ти си моја инспирација“ - АМСМ трчаше во чест на Калина и Аце

Со свој тим од 95 вработени, АМСМ и овојпат учествуваше на Скопскиот маратон. Тие оваа година трчаа со пораката „Ти си моја инспирација“. На овој начин, вработените од АМСМ и оваа година му оддадоа чест на својот трагично загинат колега Александар, вљубеник во планинарскиот спорт и редовен учесник на маратонот, и неговата другарка Калина.

„Аце, кој постарите колеги ќе го паметат како дете, помладите како добар пријател, но секој од нас како вистински лидер кој инспирира, и овојпат успеа да нè мобилизира во голем број, потврдувајќи дека големината на секој од нас е во делата по кои остануваме запаметени“, напиша тие во својата фејсбук објава. 

Калина Велевска и Алексндар Миновски починаa при искачување на врвот Кајмакчалан во февруари, минатата година.