Ти го промени начинот на кој ја гледам љубовта и за тоа никогаш нема да ти простам

Секогаш сум копнеела за оние совршени дечки за кои читаме во романите и кои ги гледаме во филмовите. Можеби сум типична девојка, можеби сум непоправлив романтичар, како и да е, овие филмови поставуваат високи стандарди за љубовта, стандарди за кои се надевав дека дечкото од моите соништа ќе ги исполни.

Но, тогаш те сретнав тебе и паднаа во вода сите стандарди. Ти беше далеку од совршен, но силно се заљубив. Одеднаш, без размислување, ти стана моето сѐ. Мојот дечко, мојот другар и љубовта на мојот живот – сѐ во еден пакет.

Никогаш не очекував толку силно да се заљубам во тебе. Нашата врска беше емотивен ролеркостер. Иако се каравме, како и секој пар, сепак поголемиот дел од времето бевме среќни. Или барем јас така мислев. Можеби се обидував да направам да бидеш совршениот дечко од филмовите и на крај те оттргнав од себе. Како и да е, нашето раскинување ме уништи.

Никогаш не очекував толку да ме повредиш. Ти дозволив да ми се пикнеш под кожа повеќе од кој било пред тебе. И затоа бев ранлива.

Ова очигледно беше моја грешка. Ти ме прелажа. Постојано ми велеше дека ме сакаш и дека никогаш не си почувствувал ваква љубов. Но, ако навистина ме сакаше немаше да ме оставиш да се чувствувам вака мизерно.

Секако нашата љубов не беше од оние кои се случуваат еднаш во животот. Знам дека таму некаде има некој за мене, но сега премногу се плашам за да пробам.

Ти ме остави празна и исплашена. Се плашам да верувам на некој на начинот на кој ти верував тебе. Се плашам да го отворам моето срце и да допуштам некој да влезе во него. Се плашам да му дадам некому моќ да ме уништи на начинот на кој ти го направи тоа.

Секако дека сонувам за онаа совршена љубов, но повеќе не очекувам да ја искусам.

Ти ми даде доза реалност која веројатно ми требаше, но со тоа направи да се плашам да сакам.

Да, се плашам да бидам повредена. Но, пред сѐ, се плашам од љубов...