Ти благодарам животе, за сите добри луѓе кои ги запознав оваа година

Таа личност ќе дојде во нашиот живот и нема да ја препознаеме.

Ќе помине малку време по нашата прва средба и потоа ќе сфатиме дека таа личност е блиска до нашето срце. Заедно делиме исти ставови, исти животни вредности, можеме да се потпреме еден на друг.

Ги запознаваме се повеќе и повеќе и сфаќаме дека во тие луѓе можеме да се видиме себеси. Ретки се ваквите пријателства, но се случуваат и треба да ги препознаеме.

Не смееме да дозволиме жалењето, болката и разочарувањата да ни го затворат умот и срцето и да не си дозволиме себеси да ги препознаеме ваквите луѓе. Доаѓаат често во нашиот живот, се појавуваат тивко, но тие ги менуваат нашите животи. Некогаш со нив сме во врска, некогаш стануваат наши добри пријатели, но тие се луѓето кои сме ги чекале целиот живот, а ете конечно се тука во нашиот.

Да бидеме благодарни за овие луѓе.

Тие се слични на нам, тие ни го даваат тоа што им го даваме на другите луѓе (а често не сме го ни добиле за возврат), тие ни даваат љубов и поддршка кои ги заслужуваме. Тие се тука во обичните денови, но и во нашите големи победи и порази за да ни покажат дека се тука за да останат.

Да бидеме благодарни за луѓето кои ги запознавме оваа година, а и во претходните. Да се насмевнеме за оние кои ќе ги запознаеме понатаму.