Тесто готово за 10 минути за меки кифлички и погачи од кои ќе замириса цела куќа

Потребни состојки:

4 шолји од 2dl брашно

2 лажици шеќер

½ лажица сол

2 лажици масло од сончоглед

500ml млеко

11g сув квасец

Подготовка:

Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

Потоа лесно размесете, направете облик по желба - пирошки, лепче, кифли...

Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

Послужете со главно јадење, салати, сосови...