Тестирајте ја вашата концентрација со помош на 6 прашања

Порано се веруваше дека проблеми со концентрација имаат само децата, но статистиката покажува дека 8% од возрасните имаат проблем со концентрацијата, а тоа е скоро двапати повеќе споредено со истото истражување од пред 10 години.

Кај возрасните е тешко да се воспостави пореметување на вниманието, затоа што симптомите не се исти како и кај децата, но овој тест кој го создаде една група на советици во Светската здравствена организација ќе ви помогне да откриете дали имате проблем.

  1. Дали ви е тешко да се концентрирате додека другите ви се обраќаат?
  2. Колку често станувате на состаноци и во ситуации во кои се очекува да седите и мирувате?
  3. Дали ви е тешко да се опуштите кога имате слободно време?
  4. Колку често ги завршувате речениците на соговорникот?
  5. Колку често ги одложувате обврските до последниот момент?
  6. Дали се потпирате на другите во работата и животот?

Можни одговори се: Никогаш, ретко, понекогаш, често, многу често.

Никогаш – 0 поени

Ретко – 1 поен

Понекогаш – 2 поени

Често – 4 поени

Многу често – 4 поени

Ако имате повеќе од 14 поени, тоа значи дека можеби патите од ова пореметување, па ако не сакате да имате проблеми на работа и во животот, би требало да се обратите на доктор кој ќе ви препорача правилна терапија.