Тест за вашиот карактер: Како во древна Јапонија го проверувале карактерот на воините?

Пред многу векови, самураите користеле Кобуши или Шинен методата за анализа на тупаницата, за да откријат нечиј карактер.

Во денешно време имаме многу тестови за личноста кои се базирани на прашања и одговори, но овој тест на самураите е многу поедноставен и пократок.

Едноставно стегнете ја раката во тупаница. Направете го тоа без размислување и природно. Положбата која пристите ја заземаат открива многу за вашата личност и карактер.

Вашата стегната тупаница најверојатно ќе изгледа налик некоја од овие три:

Положбата на палецот во тупаницата открива многу нешта за вас.

Одговорите следуваат на втората страна...

 

1.

Ако палецот лежи преку показалецот, вашата личност ја красат следните карактеристики:

·Родени сте да водите

·Сакате да им помагате на луѓето

·Опседнати сте со силата, стабилноста и сигурноста

·Внимателно работите

·Понекогаш умеете да бидете премногу наивни

·Одвреме-навреме потребна ви е поддршка и потврда од другите

·Барате внимание

 

2.

Ако врвот на палецот е на средина од тупаницата, такашто ги покрива показалецот и средниот прст, вие сте:

  • Љубезна и грижлива личност

  • Друштвени и комуникативни

  • Омилени во друштвото

  • Креативни

  • Имате страв од пробување на нови работи

  • Се плашите од неуспех

  • Ве привлекуваат луѓе кои ви даваат поддршка кога ќе доживеете неуспех

 

3.

Ако го ставате палецот во тупаницата, такашто е сосема покриен, вие сте:

  • Многу чувствителна личност

  • Креативни

  • Грижливи и внимателни кон останатите

  • Имате малку пријатели, но со нив сте длабоко поврзани

  • Мразите конфликти

  • Умеете добро да го сокриете бесот

Дали биле во право древните самураи и дали погодиле каков е вашиот карактер?