Тест за самооткривање: Одберете симбол кој ви прилега и откријте се себе

Симболите се многу привлечни за луѓето. Симболите содржат и претставуваат нешто потсвесно, метафизичко, нешто што буди фасцинација. Дали е можно да се погоди нешто за човекот преку неговиот избор на симбол во кој највеќе се пронаоѓа? Симбологијата вели ДА!

Погледнете ги овие 6 симболи: Кој од нив највеќе ве привлекува?

Откријте што тоа значи во продолжение на текстот.

Жолт круг

Ако сте го избрале жолт круг, вие сте како пролетен ветер. Бавни, нежни, опуштени, ведри, оптимистични. Го обожавате животот кој спонтано го живеете. Одлично се носите со промени.

Знаете како да се опуштите и релаксирате и како да останете мирни во тешки моменти. Тоа е одлично за целокупното ваше здравје. Луѓето сакаат да бидат во ваша близина токму поради вашата топла и мила личност. 

Понекогаш знаете да бидете малку површни, па одвоете повеќе време за самотија, размислување и медитација. Можно е луѓето да се обидуваат да ве искористат поради вашиот навидум наивен изглед, па затоа бидете внимателни.

Вие со себе носите радост и светло.

Зелено око

Ако сте го избрале овој симбол, вие сте сочувствителни, силни и длабоки, наклонети кон духовни техники, астрологија, мистицизам...

Имате силна еколошка свест, можно е и да сте вегетаријанци или барем сте се обиделе да станете во одреден период од животот. Многу сакате животни. 

Уживате во природа, прошетки, топли чаеви и добра книга. Сакате да бидете сами. Избегнувате гужви и големи собири. Многу сте освестени на сите полиња и сте многу добар слушател. Вие сте многу темелни и информирани за темите кои ве интересираат. Имате добро здравје и моќна интелигенција.

Вие со себе носите мудрост и божественост.

Бела вертикална линија

Ако сте се одлучиле за белата вертикална линија, вие сте мирна, сконцентрирана личност. Секогаш сте прибрани и тоа ве прави директна и силна личност. Луѓето ве ценат и почитуваат. Овие личности имаат смисол за стил, убавина и елеганција.

Вие сте личност која знае што сака и тоа го постигнува на чист и чесен начин. Многу сте доследни и организирани и луѓето сакаат да стапуваат во професионални односи со вас, но и да се дружат со вас. Одвојувајте повеќе време за шетање во природа и духовност.

Вие со себе носите рамнотежа и хармонија.

Сина спирала

Забава – ова е зборот кој најдобро ги опишува луѓето кои го избрале овој симбол. Луѓето ја сакаат вашата спонтана и дива природа. Спонтани сте и имате авантуристички дух. Го живеете животот со полни гради. 

Сакате да излегувате и до раните утрински часови. Не сакате ништо да пропуштите, многу сте љубопитни. Иако изгледате како многу отворена личност, сепак во себе криете несигурности кога запознавате нови луѓе.

Соочете се со неизразените чувства кои ги криете во себе и ќе бидете поцелосни и посреќни во секој поглед. Научете да уживате во самотијата и медитацијата, верувајте дека ќе се воодушевите.

Вие со себе носите уживање и веселби.

Син триаголник

Овој симбол означува рационалност. Вие со двете нозе стоите цврсто на земја. Одличен лидер. Подготвени на жртва поради општото добро. Вие сте морални и ја сакате вистината.

Луѓето го почитуваат вашето мислење и доаѓаат кај вас за совет, затоа што се потпираат на вашето размислување и логичноста според која се водите.

Понекогаш премногу се грижите и тоа може да направи да изгледате како напорна личност иако не сте такви. Морате да научите да водите повеќе сметка за себе и да се опуштите малку.

Вие со себе носите одговорност и вистина.

Црн триаголник

Црниот триаголник превртен наопаку, значи дека сте длабока личност. Вашите мисли одат длабоко под површината. Имате силни чувства и мислење за се. Многу сте остроумни и елоквентни. Мразите површност и тривијалност.

Сакате музика и вашите пријатели ги сметате за семејство. Вие сте лојални, силни и отпорни. Научите да бидете малку пофлексибилни во ставовите и понекогаш потрудете се да ги гледате работите и од поинаква перспектива. Тоа ќе направи да бидете духовно побогати и ќе ви го отвори срцето.

Вие со себе носите моќ и силна интуиција.