Тест за анксиозност – проверете дали сте анксиозни

Според Х.Инглиш и А.Инглиш Анксиозноста е една непријатно емоционална состојба, во која една сегашна и континуирана силна желба или нагон изгледа веројатно дека ќе ја промаши својата цел; тоа е фузија на страв со антиципација на идно зло. Неизвесниот исход ( на пример. Од натпреварот), е главна причина за трепет, страв, загриженост, возбуденост се само врв од брегот кој не се гледа, бидејќи има свои корени во самосвеста и во самооценувањето, а манифестно се пројавува во несигурноста, во губењето на самодовербата.

Тест за анксиозност

Одговорите кои укажуваат на анксиозна состојба се означени со А. Впишете по 2 бода за одговорите каде сте заокружиле А (ова значи “Дa”), а по нула бодови за оние каде сте заокружиле Б (ова означува “Не”)

1. Мислите ли дека имате малку причини за задоволство? (А) (Б)
2. Во последно време не сте сигурни што очекувате од иднината? (А) (Б)
3. Рацете и нозете ви се пријатно топли? (А) (Б)
4. Убедени сте во исправноста на своите одлуки? (А) (Б)
5. Од неодамна интензивно сакате да отидете, побегнете којзнае каде? (А) (Б)
6. Патите ли од главоболка? (А) (Б)
7. Дали често ви е мака? (А) (Б)
8. Сметате ли дека можете да правите што сакате? (А) (Б)
9. Во последно време чувствувате нетрпеливост кон членовите на семејството? (А) (Б)
10. Нетрпеливи сте и кога нешто работите? (А) (Б)
11. Би сакале ли да бидете некој друг? (А) (Б)
12. Задоволни ли сте со животот кој го водите? (А) (Б)
13. Патите ли од чести дијареи? (А) (Б)
14. Понекогаш, кога ќе се збуните, обилно се потите? (А) (Б)
15. Се срамите ли од поедини постапки? (А) (Б)
16. Би сакале ли своите акции да ги спроведувате побрзо и поодлучно? (А) (Б)
17. Понекогаш имате гушење или биење на срцето? (А) (Б)
18. Кога луѓето зборуваат за вас, ви се чини дека не се искрени? (А) (Б)
19. Се почесто имате впечаток дека повеќе не сте она што сте биле?? (А) (Б)
20. Имате ли желудочни пречки? (А) (Б)
21. Кога излегувате од дома, чувствувате ли потреба да се вратите и проверите дали сте го исклучиле светлото, дали сте ги заглучиле вратите? (А) (Б)
22. Се воздржувате да го изнесете мислењето од страв другите да не ве исмејуваат и критикуваат? (А) (Б)
23. Сметате ли дека иднината е безнадежна или помислувате ли на самоубиство? (А) (Б)
24. Дали гледате или слушате нешто што некој друг не го забележува? (А) (Б)
25. Со задоволство би се промениле, но тоа ве плаши? (А) (Б)
26. Верувате ли дека поседувате натрпиродна моќ или дека некој друг над вас ја променува? (А) (Б)
27. Се случува ли толку да се возбудите, што подоцна не можете да заспиете? (А) (Б)
28. Ви треба повеќе од еден час да заспиете, а станувате еден час пред време? (А) (Б)
29. Поседувате ли барем малку самољубие? (А) (Б)
30. Иако не сте на диета, изгубивте многу тежина? (А) (Б)
31. Сонувате ли страшни сонови? (А) (Б)
32. Многу се грижите за чистотата, плашејќи се да не се заразите? (А) (Б)

0 бодови: Нешто не е како што треба. Малку анксиозност во животот нема да ви штети.
До 20 бодови: Состојбата е нормална. Постои мала анксиозност, но нема причини за загриженост.
Од 20 до 40 бодови: Постојат тешкотии, коефициентот на страв е прилично голем. Работете на себе или обратете се на лекар за да ви помогне.
Повеќе од 40 бодови: Упс! Анксиозноста ви е толкава да имате потреба од стручна помош.
Совет: Погледнете и на неволјата в очи или обратете се на психолог