Тест: Она што прво ќе го забележите ќе ви открие зошто сѐ уште не сте пронашле љубов

Смирете го умот и погледнете ја сликата. Она што прво ќе го видите открива зошто сѐ уште не сте пронашле вистинска љубов.

Човек со брада

Ако прво здогледавте човек со брада, тогаш тоа укажува на тоа дека вашите претходни искуства ве спречуваат да пронајдете трајна љубов. Разочаруваата од минатото обидете се да ги видите како можност за учење и причина за развој. За да можете конечно да пронајдете љубов, морате да ја дочекате со отворено срце, а не да го затворате. 

Две птици

Ако прво забележавте две птици, вашите неразумни очекувања се причината поради која не можете да пронајдете трајна љубов. Убаво е да барате посебни карактеристики во потенцијалниот партнер, но треба да бидете внимателни, затоа што едностанво не постојат совршени луѓе. Можете да пропуштите прекрасна љубовна приказна само заради фиктивни зацртани услови и листи. 

Планини

Ако прво ви паднаа планини во очи, емоционалната дистанцираност е причината која ве спречува да пронајдете стабилна и вистинска љубов. Ако сакате да се зближите со некого, важно е вистински да се поврзете со нив. Без оглед на тоа дали сте биле повредени во минатото, треба да пронајдете начин како да се отворите на нови искуства. Никој не вика дека е лесно, ниту дека треба да биде. Движете се според сопствено темпо, онака како што ви одговара, но истовремено потрудете се да се отворите емоционално кога ќе добиете чувство дека сте нашле добра личност.