Тест на личноста: одберете едно од 9-те стебла

На сликата подолу се наоѓаат 9 стебла. Разгледајте ги и без премногу размислување одберете едно!

Прочитајте, што, баш тоа дрво кажува за вас и вашата личност:

1. Великодушна и морална личност:
Секогаш работите на подобрување на своето однесување. Вие сте мабициозна личност и имате високи стандарди. Некои луѓе ќе помислат дека со вас е тешко да се комуницира, но на вас не ви е лесно да бидете онакви какви што сте. Вредно работите затоа што сакате подобар свет. Вие сте голем филантроп, дури и ако луѓето ве повредуваат, вие знаете да сакате. Малкумина можат да го ценат она што го правите на вистински начин. 

2. Забавна и искрена личност:
Одговорна личност, особено ако се работи за грижа на другите. Вреднисте и прифаќате голем број обврски. Луѓето ви веруваат, бистри сте, брзо размислувате и секогаш имате нешто интересно да кажете. 

3.Грижлива и паметна личност:
Вашите мисли и идеи се важен дел од вашата личност. Сакате да размислувате за животот и други длабоки теми. Интровертни сте и добро се согласувате само со оние кои слично размислуваат како вас. Многу време посвеетувате на размислување за моралот, секогаш се трудите да ја направите вистинската работа. Тоа го правите иако често мнозинството не се согласува со вас.

4.Филозофска душа
Интуитивни, често околината не ве разбира, а тоа знае да ве повреди. Неопходен ви е само ваш личен простор, за да ја развивате вашата креативност. Потребна ви е почит од другите. Јасно ги согледувате дорите и лошите страни на одредени ситуации во животот. Мошне сте емотивни. 

5.Независност и самостојност се ваши главни одлики:
Вашиот принцип во животот е: „Ќе го направам тоа на мој начин“. Вие сте личност на која човек може да се потпре, знаете да останете јаки во тешките ситуации и тоа го правите примарно поради самите себе, но и поради луѓето кои ги сакате. Точно знаете што сакате и не се плашите од предизвиците. Единствено што барате од луѓето е искреност. Доволно сте силни да ја прифатите вистината. 

6.Љубезни и чувствителни:
Луѓето лесно се поврзуваат со вас. Имате многу пријатели и уживате да им помагате. Имате топла и светла аура околу вас, која ги прави другите луѓе да се чувствуваат пријатно во ваше друштво. Секој ден размислувате што можете да направите, а да се унапредите себеси. Сакате да бидете интересни и единствени, повеќе од било кој на светот. Имате потреба да сакате, дури дотаму што би ги сакале и оние кои не ви ја возвраќаат љубовта. 

7.Личност полна со разбирање:
Умеете да сослушате. Не судите. Верувате дека секој има свој животен пат. Отворени сте за нови познанства и предизвици во животот. Многу сте отпорни на стрес и ретко сте загрижени. По природа сте многу опуштени. Секогаш успевате добро да си поминете и секогаш сте на правиот пат. 

8.Шармантни сте и енергични:
Некој кој умее да биде забавен и да ги насмее другите. Живеете во хармонија со универзумот. Спонтани сте и ентузијасти. Некогаш не одбивате авантура. Често ги шокирате луѓето околу вас, но тоа сте едноставно вие. Секогаш сте си верни себеси. Вие сте личност која е многу љубопитна и секогаш ќе се фокусира да знае што повеќе во областа која и е предмет на интерес. 

9.Оптимист
Навистина имате среќа во животот. Верувате дека животот е дар и се трудите да го искористите на најдобар можен начин. Горди сте на своите достигнувања. Спремни сте да застанете зад луѓето кои ви се навистина битни, без оглед на се. Имате оптимистичен пристап на работите, за вас чашата вода е секогаш полу полна. Секоја прилика ја користите за да простите, научите, созреете, затоа што верувате дека животот е прекраток за да го правите спротивното.