Тест на личноста: Кој драг камен највеќе ве привлекува?

Верувањето во влијанието на драгиот камен на судбината на луѓето влечат корени од дамнешно време. Човекот уште од старото доба правел амајлии и талисмани, за кои верувал дека можат да му донесат среќа или да го сочуваат од лошата несреќа. Правилно избраниот камен може да донесе среќа на оној кој го носи, но и да го заштити од негативни влијанија.

Каменот кој највеќе ве привлекува од фотографијата, може многу да открие за вас.

1. Бисер

Доколку го одбравте бисерот, вие сте достоинствена и горда личност. Вие сте мудри, великодушни и харизматични. Смирени сте, љубезни и размислувате пред да кажете нешто. Бисерот исто така укажува на тоа дека сте блиску до моментот на ваша трансформација. Помагањето на другите луѓе е голем мотив за вас. Имате силни уверувања, не трпите лицемиерие и воопшто не сте лицемерни.

Вие не сакате гужва и врева. Ве привлекуваат долгорочни односи.

2. Рубин

Доколку ве привлече рубинот, вие сте страствена личност, моќна и полна со живот. Немирни сте и знаете понекогаш да ги разбесните луѓето. Вие сте полни со енергија и ако се борите против нешто, другата страна би можела да зажали за тоа. Сакате секогаш да победувате. Мотивирани сте од предизвиците, но ако не можете да победите, вие воопшто и не сакате да учествувате.

Сакате да го добиете најдоброто од сите нешта. Обожавате да сте единствени и да се истакнувате. Сакате предизвици и ризици. Намалете го фокусот на делување и ќе добиете многу подобри резултати. Работете на своите комуникациски вештини за да научите да бидете почувствителни на туѓите чувства и реакции.

3. Дијамант

Ако највќе ви се допадна дијамантот, вие сте силни, одлучни и одважни личности. Нудите поддршка за сите луѓе околу вас. Дијамантот сам по себе ја претставува нескршливоста и нескротливоста на личноста.

Вие сте силни и одважни, како карпа. Стабилно стоите на своите нозе, познавајќи ги своите приоритети. Не трпите луѓе кои само зборуваат. Пример сте за другите, особено за начинот на кој се носите со тешките времиња. Вие сте визионер со силни и генијални идеи. Искористете го тоа. Направете го овој свет подобар.

4. Син топаз

Ако го одбравте овој камен, вие сте мнирни и собрани, често сте замислени и уживате во мирните моменти од животот. Имате силна, смирувачка енергија и вашите комуникациски способности се беспрекорни. Тие добро ви служат во животот. Сакате самостојност, медитација, да минувате време во природа, особено близу до водата.

Многу размислувате, често за нештата за кои другите не ни помислуваат. Имате развиена емпатија и интуиција. Способни сте да бидете добар учител, исцелител и духовен водач. Вие сте педантни, па дури и генијални.

5. Перидот

Ова е еден од драгоцените камења кои се јавуваат само во една боја, маслинасто зелена. Доколку го избравте овој камен, вие сте љубопитни личности и имате тенденција да ширите радост.

Тој претставува нешто многу таинствено и ретко. И вие сте таква личност. Единствена, помалку екстравагантна, поинаква од другите. Вие не се плашите од нови предизвици, толерантни сте и склони кон необичното.

6. Аквамарин

Доколку го избравте аквамаринот, вие сте чувствителни личности кои се привлечени од океанот и морето. Темите за кои сакате да дискутирате се духовити и обожавате авантури. Можеби ви е досадно во последно време, но веројатно многу скоро ќе бидете привлечени од нешто ново и забавно.

Способни сте во секоја дискусија да влезете со многу детали, многу сте аналитични, но притоа и многу забавни.  Живеете потполно, и онака како што треба. Луѓето ве обожаваат и сакаат да минуваат време во ваша близина.

7. Танзанит

Овој камен се смета за најредок во светот, бидејќи може да се најде само на една локација во Танзанија. Доколку ви се допадна овој камен, вие сте сензуални, остроумни и страствени. Имате силна аура и луѓето сакаат да бидат во ваша близина. Овој камен често се користи во многу истражувања и е силно поврзан со другата страна. Тоа значи дека вие имате силни инстинкти, на кои треба силно да им верувате.

8. Цитрин

Жолтата боја на овој драгоцен камен го прави многу редок. Доколку го избравте него, вие сте личност која е полна со талент, креативност и ентузијазам. Исто така, можете да бидете топли и љубезни. Цитринот претставува одушевување и свежина. Вие сте личност која е полна со оптимизам и позитивна енергија, која сјае низ темните облаци.

Вие сте лидер и ѕвезда водилка на луѓето околу вас. Тоа е голема одговорност, но и привилегија.

9. Розов турмалин

Овој драгоцен камен делува како афродизијак и ја привлекува љубовта. Доколку го одбравте овој камен, вие сте мека, чувствителна личност која е полна со емпатија за другите. Искрени сте и секогаш за луѓето претставува задоволство да бидат во ваша близизна.

Вие сте многу романтична личност, која ја сака љубовта и сака да биде постојано заљубена. Вие го гледате најдоброто во луѓето и сте големи идеалисти. Имате огромна и силна харизма.

Сепак, ако некој ве повреди, веќе не погледнувате назад. Никогаш не простувате.

10. Аметист

Доколку сте привлечени од овој камен, вие сте витални и бистри. Имате сила во сите нешта во животот. Ништо не ви стои на патот. Можете да бидете одлични учители и родители, но не заборавајте да се забавувате понекогаш.

Вие сте мудра и стара душа која брзо ги препознава работите такви какви што се. Немате илузии, не се лажете лесно и често носите многу одговорност во себе. Затоа и другите околу вас ве ценат и обожаваат.