Тест на личноста: Дали ве води разумот или срцето?

Реакциите во одредни ситуации можат многу да кажат за вашиот карактер и за тоа колку сте отворени кон искажувањето емоции.

Дали експлодирате во критични ситуации? Како донесувате одлуки? Овој тест на личноста може да ви го даде одговорот.

Негативниот одговор на првите 10 прашања ви носи по 1 поен, а позитивниот 0. Кај останатите прашања за секое да забележете по 1 поен, а за секое не по 0 поени.

1. Дали ви е непријатно кога ќе се расплачете на јавно место?

2. Дали мислите дека солзите се знак на слабост?

3. Дали верувате дека мажите не треба да плачат?

4. Дали плачете кога читате тажна книга или гледате тажен филм?

5. Дали ги почитувате политичарите кои јавно ги искажуваат своите емоции?

6. Дали мислите дека солзите се непотребни за искажување на чувствата?

7. Кога сте нерасположени, дали другите можат да го забележат тоа?

8. Дали се чувствувате непријатно кога ќе видите маж кој плаче?

9. Дали ве изненадуваат личности кои не ги погодуваат туѓите солзи и тага?

10. Дали се обидувате да го прикриете бесот по секоја цена?

11. Кога ќе доживеете нешто непријатно, дали размислувате за вашата вина во таквата ситуација?

12. Дали другите ве нарекуваат импулсивна личност?

13. Мислите ли дека е подобро искрено  и директно да покажете дека сте лути и навредени поради нешто?

14. Дозволувате ли другите да ве тешат додека плачете?

15. Дали лесно паѓате под туѓо влијание?

16. Ви одговараат ли бакнежи и прегратки од другите?

17. Дали секојдневно ги прегрнувате или допирате оние кои ги сакате?

18. Имате ли навика за своите работи да зборувате за најблиските?

19. Дали сакате масажи?

20. Дали гласно се смеете кога гледате комедија?

21. Дали имате миленик за кој сте силно поврзани?

22. Кога слушате музика, дали ве понесува ритамот?

23. Дали бурно аплаудирате и викате на концерти и натпревари?

24. Можете ли да се сетите кога последен пат сте се забавувале и смееле од срце?

Резултати

Повеќе од 20 поени – опуштени

Имате здрав и позитивен однос кон искажувањето емоции. Никогаш не ги криете своите чувства и секогаш сте подготвени отворено да разговарате. Не се плашите да покажете дека чувствувате среќа, тага или страв бидејќи за вас сите тие се човечки емоции. Такви сте какви што сте, сакате луѓето да ве прифатат на тој начин. Доколку не го направат тоа, знаете дека тоа е нивни проблем, не ваш. Често сте повредени, но здраво се соочувате со тоа и продолжувате.

Од 10-20 поени – дипломати

 Не сте од оние кои ги кријат или ги негираат своите чувства, но секогаш ги почитувате правилата каде можете и не можете да ги покажете. Би било добро малку да се опуштите и да не размислувате толку што смеете, а што не. Не се грижете толку за вашата околина. Не мораат сите да ве сакаат, бидете тоа што сте. Не заборавајте, солзите и смеата се лек за душата.

Помалку од 10поени – воздржани

Секогаш и секаде го криете своето расположение и чувства и се преправате дека се е во ред и кога не е така. Не го правите тоа намерно, туку се обидувате да се заштитите од другите луѓе. Или барем мислите дека ќе успеете во тоа. Сепак, често од себе ги отфрлате и оние кои ве сакаат и на кои им значите. Обидете се малку да се опуштите барем пред оние кои ви се најблиски.