Тешко повредено младо момче од Скопје - излетало со мопедот од пат

Младо момче е тешко повредено откако излетало со мопедот од пат во Скопје.

Во 01.45 часот на паркинг на улица „Јани Лукровски“ во Скопје, 19-годишниот Ф.В. од Скопје, управувајќи мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана помош. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.