Тешко повредени пешак и мотоциклист во Скопје

Вкупно 16 сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, од кои во пет со повреди се здобиле пет лица, при што пешак и возач на мотоцикл се потешко повредени, а во 11 е причинета материјална штета.

Полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци и тоа кај 36 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 25 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и шест возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 55 возила.