Тешко повреден скопјанец по удар во канделабра

Вчера околу 16,30 часот во Скопје на улица „2-ра Македонска Бригада“, Ф.Н (67) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во канделабра за улично осветлување.

Ф.Н. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (внатрешни крварења во главата), по што во неконтактибилна состојба е префрлен и задржан на лекување во Комплекс Клиники "Мајка Тереза" Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.