Тешко повреден пешак- за четири дена 30 сообраќајки во Скопје

Пешак е тешко повреден, а со полесни повреди се здобиле 33 лица во 30 сообраќајки евидентирани во изминатите четири дена на подрачјето на Скопје.

Во петокот се случиле седум сообраќајки, пет со материјална штета, а во две полесно се повредени две лица. Од десетте сообраќајни незгоди регистрирани во саботата,  во една е тешко повреден пешак, во четири со полесни повреди се здобиле осум лица, а во останатите е причинета само материјална штета.

Во неделата имало шест сообраќајки, при што во четири полесно се повредени 16 лица. Седум лица, пак, полесно се повредени во пет од седумте регистрирани сообраќајки во текот на изминатите 24 часа.

Сообраќајната полиција санкционирала 39 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 11 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, седум  поминале на црвено светло на семафор, шест не ги почитувале правилата за престигнување, 11 зборувале на мобилен при возење, 82 биле со помината важност на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 38 возачи со непрописно паркирани возила.Со специјално возило се отстранети 42 непрописно паркирани возила.