Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Вчера околу 14:30 часот на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), управуван од М.З. (53) од Скопје удрил во пешакот М.И. (52) од с.Бојане, информираат од МВР.

Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.