Тешко повреден моторџија на Средно Водно

Вчера во 13,15 часот на локален пат за Средно Водно во Скопје патничко моторно возило „бе-ем-ве“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(29) од Скопје удрило во моторцикл „априлија“ со германски национални ознаки управуван од М.Џ.(27) од Скопје.

По незгодата М.Џ.со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.