Тешките денови се дел од нашиот живот, но секогаш имаме сила да ги надминеме

Постојат денови кога се чувствуваме како да не можеме да ги поднесеме сите негативности кои ни ги дава светот. Постојат недели и месеци кога постојано како да добиваме удар во стомакот, ден по ден. Мислиме дека немаме сила да ги надминеме, ниту пак да се бориме, но секогаш успеваме во тоа.

Се смееме, никој меѓу нас не знае низ што поминуваме и успеваме да се соочиме со светот. Понекогаш им помагаме на другите мислејќи дека никој не мора да ни помогне нам, но некогаш и така забораваме на болката. Не сакаме да изгледаме слаби, не сакаме да бараме помош. Не сакаме да бидеме товар.

Секој од нас има такви денови... Некогаш е работа, некогаш е раскинување, понекогаш е училиште, а некогаш се пријателите. Секој од нас поминал низ период на лоши денови. Но, треба да знаеме дека секогаш сме успеале да ги надминеме таквите денови. Секогаш сме успеале да најдеме сила да се избориме. Никогаш не сме се разочарале себеси.

Треба да знаеме дека во себе носиме огромна сила, дека сме силни личности.

Најголемата сила доаѓа во малите битки. Луѓето околу нас не знаат дека се бориме, но ние победуваме. Некогаш ја имаме нивната поддршка и така успеваме да ги надминеме сите работи. Но, секогаш победуваме.

Иако сме збунети, иако страдаме, иако мислиме дека нема да успееме, сепак секогаш успеваме да ги надминеме лошите денови и лошите периоди во нашиот живот. Не ја губете вербата во себеси, не престанувајте да се трудите.

Лошите денови носат добри времиња. Не заборавајте.