Тешки, но важни лекции кои ги учиме додека сме млади

Се сеќавате на оној период кога одевте на училиште и најголемиот проблем беше дали имате напишано домашна задача и каде ќе излезете со пријателите?

Тогаш, едвај чекавме да дојде времето кога веќе нема да ја допреме книгата и да престанеме да учиме. Но, со текот на времето сфаќаме дека човекот учи додека е жив. Секако, лециите кои ги учиме во животот се поинакви од оние кои ги учиме на училиште, но тие често се многу поважни.

Животот тече полека

Кога сме млади, не забележуваме толку многу дека деновите си поминуваат. Не трошиме време на цели и постигнувања, само продолжуваме понатаму. Но, кога растеме и созреваме колку се важни секојдневните моменти и шансите кои ги добиваме. 

Ако се заљубите, бидете подготвени дека вашето срце ќе биде скршено

Сурово, но реално. Кога ќе се заљубите, не можете да очекувате дека таквата љубов е вечна. Можеби не секоја љубов има среќен крај, но сепак вашето срце ќе биде скршено неколку пати. 

Нашето семејство се луѓето кои ни се најважни во животот

Тие се тука за нас, секогаш и секаде,  и тие се луѓето кои ни се најважни.

Нашите слабости не се наши маани

Секоја личност има одредени слабости, не сме луѓе без нив. Но, тоа не е толку важно, колку што е важно да научиме да управуваме со нив и да успееме да ги надминете кога тоа е потребно.

Сè што е вредно, бара време

Најдобрите нешта бараат време, не можеме да ги добиеме одеднаш туку така. Понекогаш треба долго да работиме и да се трудиме, а резултатите доаѓаат дури подоцна. Важно е да знаеме дека секој труд се исплати и тоа треба да биде нашата мотивација кога ни е најтешко.

Не треба да остануваме во лошите пријателства и врски

Едноставно е, не треба да трошиме време и нерви на пријателства и врски кои не нè исполнуваат.

Животот е неправеден

Колку и да ја сакаме правдата и колку и да очекуваме нештата да се праведни, сепак понекогаш тоа не е така. Животот не е секогаш фер и не е фер за сите, и тоа е една од најголемите вистини кои мораме да ги научиме во животот.

Среќата ги следи храбрите

Секогаш помислуваме дека некои луѓе се посреќни од нас, но не се прашуваме што направиле за да бидат среќни. Некои можеби се навистина родени под среќна ѕвезда, но мораме да се помачиме за повеќето нешта во животот.

Не постои вистинско време за нешто

Ако сакаме нешто, треба да го направиме сега и одма. Без чекање.

Емоции, спомени и искуства се работите кои треба да ги собираме во животот

Тие се оние кои го прават животот спокоен и топол кога ќе остареме, и тоа многу повеќе од материјалните нешта за кои се бориме често.