Тешка сообраќајка во Скопје: Повреден моторциклист префрлен на Клиника

Вчера во 02 часот и 10 минутина булеварот “Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и моторцикл.

Имено сообраќајката се случила со патничко моторно возило “Форд Фокус“ со скопски регистерски таблици управувано од 42- годишниот С.С од Скопје и мотoцикл “Малагути“ со скопски регистерски таблици управувано од 38- годишниот О.М од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош О.М. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, и се работи на целосно расчистување на случајот.