Тешка сообраќајка во Скопје, двајца повредени

Во 15 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден на улицата „Воин Драшковци“ во Скопје, во близина  на крстосницата со улицата „Ибе Паликуќа“, се случила сообраќајна незгода.

Полицијата денеска информира дека настанал судар меѓу патничко возило „Опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Д.П. од Скопје и патничко возило „Фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Х.Ѓ. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар.

Кај Х.Ѓ. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, додека кај Д.П. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.