Тешка сообраќајка утрово во Ѓорче Петров

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко повредено се случила утрово на раскрсницата помеѓу улиците „Лука Геров“ и „Марк Твен“ во скопската неселба Ѓорче Петров.

Во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ и велосипед при што лицето кое го управувало велосипедот се здобило со тешки телесни повреди и итно е пренесено во Клинички Центар.

МВР врши увид на лице место, а повеќе информации најавуваат за денешниот ден.