Тешка сообраќајка утрово во Дебар Маало, возило собори канделабра

Утрово во Дебар Маало на улицата „Орце Николов“ се случи сообраќајна незгода, при што возило со скопски регистерски таблички удрило во канделабра.

Од ударот канделабрата се скршила и паднала врз возилото. Очевидци коментираат дека возачот не удрил со голема брзина во канделабрата зошто воздушните перничиња не му се отворени и дека најверојатно ударот се случил во обид да избегне судар со пешак кој му го пресекол патот.

Како и да е, полицијата е излезена на терен и врши увид.

На терен излегоа и екипи на ЕВН за да се реши проблемот со струјата во оштетената канделабра.