Тешка сообраќајка на скопска обиколница, повредени четири лица

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:30 часот се случила на автопатот-обиколница на град Скопје, кај клучката Хиподром.

-Сообраќајна незгода се случила помеѓу возилата „Фиат Добло“ управувано од А.Т.(58) и „Ланд Ровер“ управувано од К.С.(56), двајцата од Скопје. Од незгодата со тешки повреди се здобил А.Т., а со телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото Ланд Ровер, А.Д.(23) и Д.С.(78), двете од Скопје. А.Т. и Д.С. со возила на брза помош биле пренесени во Ургентен центар, а по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. А.Д. со возило на брза помош била пренесена Клиниката за трауматологија каде била задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Возачот К.С., по завршување на увидот, побарал лекарска помош, исто така, во Ургентен центар, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.