Тешка сообраќајка на патот Велес - Скопје: Почина 28-годишна скопјанка

Тешка сообраќајна незгода се случила ноќеска, 45 минути после полноќ на патниот правец Велес - Скопје во која животот го загуби 28 годишна скопјанка, дознава Скопје Инфо од полициски извори.

Сообраќајната незгода се случила кога моторното возило во кое се превезувала починатата удрило во десната страна на вијадуктот и се превртело. По незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето М.М.  која починала на пат кон болница.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.