Тешка сообраќајка на Партизанска: Брзал за во болница и завршил на ургентен

Според неофицијални информации, возачот брзал да стигне во болница, поради што и, се претпоставува, дека поминал на црвено светло. Истиот е повреден во сообраќајката и префрлен е на Ургентен центар.

На црвено светло поминал возачот кој, според тврдење на очевидци, вечерва ја предизвикал сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“, во близина на поликлиниката „Букурешт“, а во која се судрија две возила со скопски регистерски таблички.

Истиот возач бил и повреден во судирот, по што бил пренесен со возило на Брзата помош на Ургентниот центар во Скопје, пренесува Телеграф.

Во судирот учествувале две возила, „пежо“ и „алфа ромео“. Неофицијално, возачот на возилото од марката „пежо“ ја предизвикал сообраќајката.

Тој, според неофицијални информации, брзал да стигне во болница, поради што и, се претпоставува, дека поминал на црвено светло. Притоа на крстосницата на него налетало возилото „алфа ромео“.