Тешка сообраќајка кај Железничка: Неколку повредени се пренесени во болница (фото)

Неколку лица се повредени во Скопје, попладнево околу 17 часот во тешка сообраќајна несреќа под железничката станица, на крстосницата на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“ со улицата „Никола Карев“, пренесува поратлот „Курир“.

Порталот исто така пренесува дека според првичните информации од очевидци, повредените со амбулантно возило биле пренесени во скопските болници.