Тешка сообраќајка денеска во Аеродром

Едно лице е повредено во судир на автомобил и мотор, денеска на паркингот кај пазарот во Аеродром кај ТЦ„Бисер“.

Според очевидци, во судирот настрадал возач на мотор, кој бил тешко повреден и однесен во болница со возило на Итна помош.

Според МВР, во судирот учествувале автомобил „цитроен саксо“ и пешак, кој е тешко повреден, но не се спомнува мотоцикл.