Тешка кражба во хрватската резиденција во Скопје

Амбасадорката на Република Хрватска во Скопје вчера пријавила тешка кражба во резиденцијата лоцирана на улицата „Тодор Александров“.

Како што информираат од полицијата непознато лице насилно влегло во хрватската резиденција и ја извршило тешката кражба.

Од МВР додаваат дека засега не е утврдено што точно е украдено, но се работи на расчистување на случајот.