Тешка кражба во Центар: Штипјанка им влегла во станот и им украла новчаник пред очите на синот

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Н. (43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 11.02.2018 година околу 18.00 часот на ул. „11-ти Октомври‘‘ во општина Центар, извршила кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“, казниво по член 236 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, Е.Н., додека оштетениот бил во спалната соба, неговата сопруга во кујната, а неговиот малолетен син во дневната соба, влегла во нивниот дом и од масичка во дневната соба одзела еден паричник во кој имало пари, платежни картички и лични документи, по што излегла од станот. Откако синот му кажал на таткото што се случило, тој веднаш излегол и ја стигнал Е.Н., но таа негирала дека нешто земала од неговиот стан.

Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар, каде дал опис на пријавената. Истиот ден пријавената била лишена од слобода и приведена во Полициската станица Центар и со неа бил извршен разговор.

Исто така, во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетениот. Пријавената и претходно била извршител на вакви дела.