Терапија со ѓумбир која ја враќа енергијата и ја јакне отпорноста

Ѓумбирот кој  потекнува од Кина е еден од најкористените зачини кај луѓето кои ја практикуваат здравата исхрана. Тој има силен вкус и специфичен мирис, а освен во исхраната се користи и во лековити цели, поради неговите својства.

Намалување на болката со топли облоги

Облогите од ѓумбир ги опуштаат мускулите и ја поттикнуваат циркулацијата. Тие ја ублажуваар болката во грбот, ревматизмот, артритисот и го јакнат имунитетот. Ѓумбиротерапијата се прави со ставање топли облоги на телото, што помага и во елиминирање на насобраните токсини. Свежиот ѓумбир згреан во топла вода, длабоко продира во ткивото, во органите како што се бубрезите, црниот дроб и белите дробови до самото клеточно ниво. Облогите пријатно делуваат и на различните акутни или хронични болки, а  можат да го забрзаат опоравувањето на различни воспалителни состојби.

Ѓумбирот се нарекува чудотворна билка поради неговото благотворно делување. Традиционално се употребува во препаратите кои ги смируваат воспаленијата и иритацијата на дишните патишта, за лечење ангина и воспаленија на носот, ушите а делува многу пријатно и на органите за варање. Ѓумбирот се смета за лек за целиот систем за варење. Одличен е и за смирување на главоболките, подобрување на циркулацијата, намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Облогите од ѓумбир можат да помогнат и во борба против целулитот. Тие можат да се направат во домашни услови, без посета на козметички салони. Доволно е да се изренда 150 гр. ѓумбир и  да се замота во газа. Во сад да се згрее вода, а потоа да се стави газата со ѓумбир во топлата вода и да се исцеди. Постапката да се повторува во траење од 20 минути. Важно е да се напомене дека водата со употребениот ѓумбир веќе не треба да се употребува. Секој ден треба да се употреби нова вода и свеж ѓумбир.

Облогите од ѓумбир не смеат да се користат кај бебиња и стари лица и да не се ставаат во долниот дел од стомакот, кај трудници. Исто така, не смеат да се користат и при слепо црево и воспаление на белите дробови.