Тепачка во Скопје, повредено едно лице.

- Во понеделникот  околу 22 часот од Ургентен центар Скопје пријавено е дека било донесено повредено лице и дека станува збор за Џ.А.(41) од Скопје, кој имал две убодни рани и расекотини на рацете и по санирањето на истите тој е пуштен на домашно лекување. Од извршениот разговор со повредениот Џ.А. и пријавениот И.А.(27) констатирано е дека околу 20.15 часот во с.Буковиќ во близина на поштата истите го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка каде Џ.А. удирајќи го со рака и стап И.А. во пределот на лицето и грбот му нанел повреди, по што истиот со нож му нанел на Џ.А. повреда на рацете и ногата во вид на расекотина и убодни рани, информираат од МВР

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.