Тепачка во позната скопска кафана: Момче брутално претепано

Дваесет и едно годишниот Ф.Г. доцна синоќа бил нападнат додека со своето друштво седел од кафеаната „Златно буренце“.

Од полицијата информираат дека тој и неговото друштво без повод и причина, од страна на група машки лица биле нападнати со стаклени шишиња во пределот на главата и со тупаници во пределот на телото.

Напаѓачите во еден момент лицата го извлекле Ф.Г. од објектот и продолжиле со нападот, а откако паднал на земја, истите побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.