Тепачка помеѓу навивачите на ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“

Вчера околу 15 часот и 20 минути во Скопје, на кејот на реката Вардар бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“.

По превземени мерки од страна на Единицата Алфа и полициски службеници од Единицата за јавен ред и мир во Центар биле приведени 15 лица и по извршениот разговор биле поднесени 15 платни налози за констатиран прекршок по член 3 став 1 алинеја 7, а казнив по член 13 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.