Тепачка на голем одмор во средно училиште во Скопје - повредени две лица

Вчера за време на голем одмор во средно училиште се случила групна тепачка во која две лица биле повредени.

Имено  во 15,15 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на булеварот “Трета Македонска бригада“ во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М.и А.И, сите од село Копаница-скопско, заедно со уште две лица физички ги нападнале 19- годишниот М.И и 18- годишниот Б.М, двајцата од село Батинци.

На М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.