Тенка е границата помеѓу силна желба за секс и зависност: Во која категорија сте вие?

Да имате активен сексуален живот е нормално и природно, но како да знаеме дали сме ја преминале границата на опсесија?

Границата помеѓу „вообичаен“ сексуален нагон и зависност од секс, за некои луѓе можеби е нејасна, но во суштина станува збор за потполно различни работи. Додека едната е природна и здрава емоција, другата може штетно да влијае на вашето физичко и ментално здравје.

Според студијата под име „Разбирање и управување со сексуалното однесување“, зависноста од секс е слично пореметување како употребата на супстанци, пореметување во расположението или пореметување во контрола на имплусот. Исто така е можно личноста да не е свесна за своето пореметување, особено поради нејасни дефиниции. Иако таа појава постои, во медицинските кругови недостасува соодветната дефиниција.

Д-р Челси Ренолдс, асистентката која истражува и предава сексуална комуникација на Калифорнискиот државен универзитет, вели дека иако оваа зависност не се препознава како медицинско пореметување, се опишува низ појавата хиперсексуалност.

Клучните симптоми вклучуваат проблем со спречување и практикување на сексуален однос до онаа мера која би можела да биде штетна за било која од вклучените страни. Некои од показателите е зачестената мастурбација, како и употреба на порнографија, егзибиционизам, воајеризам, екстремен секс и неуспешно спротиставување на сексуалните нагони.

Д-р Ренолдс напоменува дека и уживањето во необични фетиши кои често се стигматизирани, не мора да укажува на зависност од секс.

Останатите знаци вклучуваат постојано размислување за секс (до нездраво ниво), како и искористување на сексот за да се избегне соочувањето со другите емоции. Во овој случај, сексот станува „дрога“ со која личноста постојано се бори.