Нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски ја освои и седмата титула во кариерата  откако во крајно драматичен меч  го совлада големиот противник Шпанецо Гилјером Оласо со 7-6,6-7 и 7-6 во Грузија.

Сите три сета беа неизвезни и возбудливи и беа решени во тај-брејкот. На крајот теренот со радост и кренати раце го напушти Јотовски кој го освои турнирот вреден 15000 долари.

Нашиот тенисер можеше да го реши мечот уште со вториот сет во кој успеа да се врати по загубен сервис и да поведе со 5-0 во тај-брејкот но како да се уплаши од шансата и дозволи противникот да го освои сетот и да се спаси од пораз.  

 Драмата продолжи и во третиот сет, кога Јотовски се спаси од негатива од 3:5, спаси 4 меч топки, а потоа пак во тај-брејк имаше повеќе нерви и енергија и славеше со 7:4. Меч што Јотовски ќе го памети и што му донесе нова титула и нови рејтинг поени на светската ранг-листа.