Температурен шок – Од понеделник значително опаѓање на температурата

Локална појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, се очекуваат денеска и утре во попладневните часови, најавува УХМР.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време кога ќе биде и најтопло, до 38 степени на југоистокот од земјава.

Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.