Темелковски: Ги немам брoено зградите за во Расадник, просечната висина ќе биде пет ката

Плоштад, паркинг места, две катни гаражи, градинка и поликлиника се предвидени во ДУП-от за Расадник, вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

- Збориме за 82 хектари. Деталниот урбанистички план не е донесен, во прва фаза е. Граѓаните за Расадник бараа паркови, велосипедски патеки, поликлиника, која ја нема во општината и нормално паркинг места, а тоа се е предвидено. Дури и петицијата од жителите не е за носење на ДУП-от, туку за конкретни четири парцели да се направат паркови, рече Темелковски.

Тој вели дека во половината од Расадник, која веќе е урбанизирана нема ниту еден парк.

- Немаме државна сопственост на останатите делови на Кисела Вода, целосно е приватна сопственост и не можеме да правиме паркови. Ние имаме еден од најмалите буџети на територија на Град Скопје и кога имате малку средства, винмавате како работите. За разлика од други општини, имотот е на приватни лица, жители кои преку Законот за денационализација си го вратиле имотот и тие плаќаат данок за тоа, рече Темелковски.

- Ги немам борено зградите ни колку се ни како се, ме интересира законската рамка, позиционирањето и дали има се што сме ветиле ние. Просечната висина на зградите во Расадник треба да биде пет ката. Мене ми е примарно да се запазат бројките од Генералниот урбанистички план“, рече Темелковски и додаде дека во секој блок ќе има една кула и една ниска зграда.