Полицијата соопшти дека денеска околу 13 часот во близина на вливот на Серава во Вардар во Карпош 4 е пронајдено телото на исчезнатата професорка од Скопје, 52-годишната Снежана Тројачанец. Нејзиното тело го забележал минувач.

Снежана Тројачанец пред 40 часа од најблиските беше пријавена дека излегла од дома, а не го понела мобилниот телефон ниту пак било каков документ. 

Таа беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.

Предмалку, на социјалните мрежи беа објавени неколку статуси од блиски роднини на Снежана преку кои информираа дека жената била пронајдена почината во Вардар.