Телевизори за 50 евра, автомобили од 1.000 евра - нова распродажба во УЈП

Управата за јавни приходи на 12 април ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници.

Се нудат автомобили со почетни цени од 1.000 евра нагоре, телевизори со почетни цени од 50 евра нагоре, машини за шиење, товарни моторни возила, компјутери, монитори, телефони, бироа, маси и столици, различни алати и друго.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени ТУКА.