Телешко месо со портокали

Изненадете ги домашните со еден убав ручек на азиски начин.

Состојки:

500 гр телешко месо

2 протокали

2 лажици соја сос

1 лажица шеќер

пола лажиче нишесте

1 црвена пиперка

Месотo исечете го на ленти, ставете го да се пржи. На крај додајте црвена пиперка. Може и да биде лута малку.

Од еден протокал изрендајте ја кората и исцедете сок. Додајте соја сос, шеќер, нишесте и промешајте. Смесата истурете ја во месото и повријте 5 минути. На крајот исечете протокал на ленти и додајте во месото.

Сервирајте со ориз.

Добар апетит!