Телефонските линии на Американската амбасада во прекин, пријавено сомнително возило

Американската амбасада во Македонија синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии и се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент.

„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот ценат на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“, стои во твитот на официјалниот профил на Амбасадата на САД.

Објавата доаѓа неколку часа, откако од амбасадата, како што јавуваат медиумите, вчера околу 18 часот во МВР пријавиле сомнително возило пикап, марка „застава“ оставено пред влезот на амбасадата на САД во Скопје.

Како што објавија медиумите безбедносните служби на амбасадата со посебна опрема го провериле возилото, при што утврдиле дека истото е позитивно за траги од експлозив.

Припадници на единицата за антитероризам при МВР веднаш излегле на терен и направиле проверка на возилото, но во него не е пронајден експлозив. По претресот, возилото е одземено и однесено на натамошно тестирање.

Повеќе детали во текот на денот.