Театар Комедија со донација за Детската болница Козле

Театар Комедија ги донираше финансиските средства добиени од продажбата на влезниците за претставата „Не сега драга“ на Детската болница Козле.

„Од срце одиграна претстава ‘Не сега драга’ и средствата се наменија за најскапоценото нешто на светот – здравјето и насмеаните лица на нашите најмили – дечињата. Сè за децата трае и продолжува“, велат од болницата.

Од таму им се заблагодаруваат на вработените во театарот за овој хуман гест.