Затоа што ќе ми недостигаш. Затоа што ќе ми затропаш на мислите во недела навечер кога во позадина ќе слушам тивка музика со чаша црно вино до мене и ќе го почувствувам мирисот на твојот парфем кој толку долго ќе се задржи во мојот стан исто како непосакуван гостин кој не е поканет да дојде.

Те молам избриши го мојот број. Затоа што ќе сакам да ти се јавам, бидејќи сум ја добила работата за која секогаш си велел дека е за мене. Избриши го мојот број, затоа што ќе посакам да ти се јавам кога ќе се ишишам онака како што никогаш немав храброст, а ти секогаш велеше дека супер ќе ми стои. Избриши го мојот број затоа што ќе го купам кучето коешто и двајцата го сакавме и ќе сакам да ти пратам слика. Ќе посакам да ти се јавам кога ќе се стопи првиот снег. Избриши го мојот број.

Те молам избиши го мојот број, затоа што не сакав вака да завршат работите. Затоа што зборот „можеби“ е најбавниот облик на мачење на кој никогаш човек не може да е навикне. Да живеам со надеж која одамна умрела и покрај моите одбивања и верувања дека се уште е жива. Те молам избриши го мојот број, затоа што „можеби“ не значи „ова може да се случи“.

„Можеби“ значи „премногу се плашам да си одам, но не сум доволно силен за да останам.“

„Можеби“ значи „Ми недостасуваш, но не толку за да бидам со тебе.“

„Можеби“ значи „Те сакам, но не толку за да се борам за нас.“

Те молам избриши го мојот број затоа што јас не сакам да те избришам тебе. Јас те посакувам со сигурност која ти никогаш нема да ја поседуваш. Јас не сакам два пати да размислам дали сакам да одговорам на твоите пораки или на твоите јавувања. Затоа што јас сум сигурна, јас сум своја. Затоа што јас не ги сакам луѓето во делови и во тоа се разликуваме ти и јас. Јас не сакам повремени јавувања, јас не ги сакам твоите игрички.

Избриши го мојот број, затоа што не сакам повеќе да се сретнувам со твоето „можеби“. Јас сакам нешто конкретно, јас сакам нешто дефинитивно. Сакам некој кој ќе ми се јави кога ќе каже дека ќе се јави и некој кога ќе дојде во времето кога ветил дека ќе дојде. Не сакам да го трошам мојот живот чекајќи те тебе, не сакам личност која малку ќе ме сака. Не ги сакам твоите пораки во раните утрински часови, со текстови од типот: „Ми недостигаш“,  „Прости ми“, „Само сакам време за себе“.

Те молам избриши го мојот број, затоа што јас ќе го избришам твојот.

И слободно најди некоја нова на која ќе можеш да ги праќаш тие пораки, затоа што мене нема да ми ги праќаш повеќе.