ТАЖНО Е ПРЕД КУЌАТА НА ЕСМА: Пријатели и фанови за последен пат се поздравуваат со кралицата (ФОТО)

По веста дека утрово по кратко боледување почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова, пред нејзиниот дом во Скопје се собираат нејзините најблиски пријатели, роднини и фанови, пишува Телеграф.мк.

Утре со почеток во 11 часот ќе се одржи комеморација во градското собрание, а нејзините посмртни останки ќе бидат изложени во капелата Бутел од 12 до 13 часот.

Се уште нема информација дали Есма ќе биде погребана во алејата на Великаните.

Есма Реџепова е родена на 8 август во Скопје 1943 година. Македонија ќе ја памети по нејзината хуманост и преубавите песни кои ни ги остави.

Повеќе фотографии на Телеграф.мк.