Тажна вест: Почина познат македонски новинар и водител

Водителот кој беше препознатлив по својата насмевка и по неговиот ведар дух, човекот со чии прилози пораснаа голем број генерации во првите години од осамостојувањето на Македонија, големиот Реџеп Пампур, починал вчера во својот дом, во сон.

Пампур пред шест години доживеа тешка сообраќајна несреќа со својот мотоцикл. Од тогаш наваму, тој помина низ долг процес на опоравување и рехабилитација.

После несреќата, Пампур се повлече од јавноста и беше во друштво претежно со неговите пријатели и роднини.